Во единствениот натпревар од НБА плеј-офот изминатата вечер, Милвоки на свој паркет го совлада Бостон Селтикс со 97:88 и така стигна до изедначување во серијата 3:3.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На радост на сите љубители на НБА кошарката, сепак барем во една серија ќе гледаме максимални седум натпревари. Милвоки на домашен терен успеаа да слават во шестиот меч и да се изборат за мајсторка.
Селтикси си ја имаа првата меч топка, тргнаа добро. Водеа во текот на првата четвртина стигнаа и до +9, а добро играа и во текот на поголемиот дел од втората четвртина. Сепак, во самиот финиш од полувремето Милвоки со серија 10:2 дојде на +9 на полувремето и целосно го сврте овој натпревар.
Во текот на третата четвртина домаќинот имаше двоцифрена предност, но Бостон на два пати до крајот стигнуваше на -2, сепак на крајот успеаа рутински да го приведат мечот кон крајот.
Кај победниците, Јанис Андетокумбо очекувано беше најдобар со 31 поен и 14 скокови. На другата страна Џејсон Татум беше најефикасен со 22 поени.
Седмиот натпревар на програмата е во сабота од 22 часот.
??? #FearTheDeer pic.twitter.com/1gQ8urfJHQ
— NBA (@NBA) April 27, 2018