Дома Фудбал Видал се збогува со Барселона: Поминав две прекрасни години

Видал се збогува со Барселона: Поминав две прекрасни години

Артуро Видал ги искористи социјалните мрежи за да се прости со Барселона.

Чилеанецот го напушти „Камп Ноу“ и во следните две години ќе го носи дресот на Интер, е денес со емотивно писмо се прости од каталонскиот клуб.

„Денеска јас им велам збогум на сите во Барселона, имав две прекрасни години во овој голем клуб, многу сум среќен што дојдов до овој дрес и што играв со одлични фудбалери крај себе, истовремено и добри луѓе. Би сакал да се заблагодарам на моето семејство, моите соиграчи, стручниот штаб, како и прекрасните навивачи кои секогаш ми покажуваа почит, денес почнувам со еден нов предизвик во мојата кариера, но Барселона засекогаш ќе остане во моето срце, се гледаме наскоро, а како и секогаш, Напред Барса!“, напиша Видал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…