Дома Фудбал Видал осомничен за сексуална злоупотреба

Видал осомничен за сексуална злоупотреба

Чилеанската фудбалска ѕвезда Артуро Видал (37) и неговите соиграчи од Коло Коло се осомничени за сексуален напад врз жена на забава, соопшти државното обвинителство во Сантијаго де Чиле.

Во кусото соопштение, обвинителството објави дека „има дојава за сексуален напад“ насочен кон „Коло Коло играчите“, меѓу кои и Видал, но „никој не е уапсен“. Имињата на другите инволвирани играчи не се објавени.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според извештаите на локалните медиуми, сексуалниот напад се случил во раните утрински часови во понеделникот во ноќен клуб во Сантијаго, каде група играчи на Коло Коло правеле забава.

Како што јави Радио АДН, неименуваната 22-годишна жена тврди дека била дрогирана во бар во областа Витакура во Сантијаго.

Полицискиот полковник Херардо Аравена изјави за новинарите дека 37-годишниот Видал бил донесен во полициска станица за проверка на идентитетот. Тој додаде дека ова е стандардна полициска процедура кога едно лице е осомничено дека извршило или се обидело да изврши кривично дело.

Видал забележа 142 настапи за чилеанската репрезентација и постигна 34 гола, а во кариерата играше за Барселона, Баерн Минхен, Интер и Јувентус. Тој е во Коло Коло од јануари годинава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола: И да испаднеме во петта лига, останувам во Сити

Шпанскиот селектор Пеп Гвардиола потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити каде ја …