ЏОНАТАН ТАХ (28) ги договорил личните услови за трансфер во Баерн, објави денеска Флоријан Плетенберг, најпознатиот германски трансфер инсајдер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според Плетенберг, германскиот репрезентативец и капитен на Баер Леверкузен е првиот играч од шампионската генерација кој решил да го напушти клубот.
Се шпекулира дека Леверкузен треба да добие околу 40 милиони евра обештетување и со тие финансии да донесе замена за Тах.
Според некои германски медиуми, можно е дел од тие пари да бидат потрошени за купување на Јосип Станишиќ, хрватскиот дефанзивец кој шампионската сезона ја мина во Леверкузен како позајмен играч од Баерн.