Дома Фудбал Останато Вечерва гледавме вистинско дерби: Партизан ја победи Звезда пред 20.000 гледачи за финале! (ФОТО+ВИДЕО)

Вечерва гледавме вистинско дерби: Партизан ја победи Звезда пред 20.000 гледачи за финале! (ФОТО+ВИДЕО)

Вечерва во спектакуларна атмосфера во Србија се одигра 200. официјално „вечно дерби“ помеѓу Партизан и Црвена Звезда.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На оваа средба од полуфиналето во Купот на Србија гледавме слики какви што недостасуваа скоро три месеци поради пандемијата од коронавирусот. Србија од неодамна ги олабави мерките, па вечерва на стадионот на Партизан беа околу 20.000 гледачи.

На теренот видовме голема борба помеѓу двата големи ривали, а на крајот победникот го реши еден гол. Освен шансите видовме и една турканица помеѓу фудбалерите која веќе е вообичаена во натпреварите на овие две екипи.

Во првите 45 минути видовме по некоја шанса на двете страни сепак мрежите мируваа. По нешто помалку од 15 минути игра во вториот дел Натчо го постигна голот кој се покажа како конечен.

Во финалето Звезда ќе игра против Војводина која претходно денес го победи Чукарички исто така со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Левандовски е минато за Барселона – Ова се трите спектакуларни кандидати за замена на Полјакот!

Иако Левандовски во изминатите сезони беше еден од најважните играчи на каталонскиот гиган…