Дома Фудбал Останато Весли Снајдер потпиша договор да седи во вип ложа и стави крај на кариерата

Весли Снајдер потпиша договор да седи во вип ложа и стави крај на кариерата

Славниот фудбалер Весли Снајдер одлучи да стави крај на неговата богата кариера, а тоа го направи на интересен начин.

Утретехт, клубот од градот во кој Снајдер е роден, но за кој никогаш не заиграл објави дека потпишал договор со славниот фудбалер. Меѓутоа не станува збор за договор за играње, туку за гледање на натпреварите од вип ложата на стадионот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Мојата љубов кон овој клуб е голема. Многу пати зборувавме за можноста да дојдам тука и сега тоа е официјализирано“, изјави Снајдер.

Снајдер најголемиот клупски успех го оствари со тимот на Интер кога во 2010 година заедно со Горан Пандев во тимот стигна до тројна круна. За „нероаѕурите“ одигра 116 натпревари постигна 22 гола и запиша 25 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шампионската лига се врати со многу голови и интересни резултати

Шампионската лига се врати спектакуларно, бидејќи првите шест натпревари од главната фаза …