Дома Фудбал Вертонген ги „пецна“ Де Брујне и Азар

Вертонген ги „пецна“ Де Брујне и Азар

Атмосферата во соблекувалната на белгиската репрезентација очигледно е лоша, па фудбалерите почнаа да се обвинуваат меѓусебе.

Пред некој ден Де Брујне изјави дека Белгија нема шанси за трофејот бидејќи имаат многу стар тим, а сега Вертонген му одговори и го „пецна“ соиграчот.

„Не создадовме доволно шанси. Мислам дека имаме квалитет да се надеваме на подобар резултат во третото коло, но очигледно дека напаѓаме лошо затоа што имаме престари офанзивни играчи“, изјави Вертонген.

Белгија загуби од Мароко во второто коло, па во последниот меч ќе игра директен дуел со Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга го освои врвот, Положани спасот го гледа во паузата

Голот на Малески го реши дербито со Шкендија, а двајцата тренери различно го оценија натпр…