Дома Фудбал Верниот Кипре е и во Палермо – Македонците веќе го окупираат градот! (ФОТО+ВИДЕО)

Верниот Кипре е и во Палермо – Македонците веќе го окупираат градот! (ФОТО+ВИДЕО)

Попладнево околу пет часот и македонската репрезентација отпатува за Палермо каде што веќе се собираат голем број навивачи.

Помеѓу првите кои ги очекуваат фудбалерите во Палермо се верниот навивач на репрезентацијата Кипре кој е со секоја репрезентација на Македонија каде и да игра, а друштво му прави и спортскиот фотограф Димитар Петковски со сопругата и останатите навивачи.

Палермо изобилува со прекрасна архитектура која за нас во овој момент е во втор план, најважниот настан ќе биде на теренот на Ренцо Барбера во четврток, но секако дека вреди да дадеме внимание и на убавините на градот во фотографии напрaвени од објективот на Петковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…