Дома Фудбал Англија Вернер: Можев да потпишам за Манчестер, Интер или Ливерпул

Вернер: Можев да потпишам за Манчестер, Интер или Ливерпул

Германскиот напаѓач Тимо Вернер неодамна направи трансфер од Лајпциг во Челзи, а сега призна дека имал уште неколку понуди.

Челзи ја плати откупната клаузула на Вернер и го комплетираше трансферот, а понуди до него стасале уште од три европски гиганти.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Како што знаете, пред неколку недели ја решив мојата иднина. Немав проблем во изборот бидејќи имав многу време да донесам одлука, имаше голема пауза поради пандемијата“.

„Не е тајна дека имав неколку понуди. Можев да потпишам за Манчестер Јунајтед, Интер или Ливерпул. Сите тие се топ клубови, но сметам дека Челзи е најдобра опција за мене. Во Англија се игра поинаку отколку во Германија и треба да се докажам и ќе дадам се од себе“, истакна Вернер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јамал подготвува спектакуларна прослава за 18. роденден, но ќе биде забранета една работа

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Ламине Јамал, во недела го слави својот 18-ти роде…