Дома Фудбал Вернер и Лајпциг го „прегазија“ Мајнц (видео)

Вернер и Лајпциг го „прегазија“ Мајнц (видео)

Фудбалерите на Лајпциг веднаш се вратија на победничките патеки после киксот во минатото коло и со високи 5:0 славеа на гостувањето кај Мајнц.

Играч на мечот беше фантастичниот Тимо Вернер, кој постигна хет-трик и покажа дека паузата не влијаела на неговата голгетерска форма.

Вернер го откри резултатот, а до полувремето погодија уште Јусуф Поулсен и Марсел Сабицер. 

На самиот почеток на вториот дел Вернер го зголеми водството на 4:0, но Лајпциг не престана да создава шанси. Победата можеше да биде и уште поубедлива, а конечните 0:5 повторно беа дело на Вернер во 75-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Попов повторно меѓу своите во Англија: ВБА го пречека со победа

Горан Попов беше почесен гостин на Вест Бромвич Албион при победата над Бристол сити со 1-…