Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Вермален се жали: Ова Европско првенство не е фер

Вермален се жали: Ова Европско првенство не е фер

Белгија во недела во Севиља ќе ја започне нокаут фазата на Европското првенство против Португалија, а Белгијците се лути поради форматот на натпреварувањето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


35 годишниот Томас Вермален се пожали дека ваквиот формат не е фер. Ова Европското првенство се игра во 12 градови во различни земји, па затоа некои имаат повеќе патување, а некои помалку.

„На ова натпреварување постојат репрезентации кои сите натпревари ги играа дома. Тоа никако не е фер. Ние моравме да патуваме за сите натпревари, а патувањата лошо влијаат на вашето тело. Два пати игравме во Русија и моравме да летаме назад три часа по натпреварот. Мораме да ја прифатиме ситуацијата, но не е фер“, изјави Вермален.

Белгија два натпревари играше во Санкт Петерзбург и еден во Копенхафен, а сега ќе патуваат за Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Брегалница на само еден ден пред дуелот со Вардар избра тренер!

Брегалница од Штип со нов тренер ќе ја започне новата сезона во Првата македонска фудбалск…