Дома Фудбал Лига на шампиони Венгер си заработи шеги на својата сметка, и тоа од малиот Остерсундс (ВИДЕО)

Венгер си заработи шеги на својата сметка, и тоа од малиот Остерсундс (ВИДЕО)

„Топчиите“ сигурно ќе влезат сериозни во нокаут фазата во рамки на Лига Еропа, бидејќи трофејот во истото натпреварување значи директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Првата препрека за Арсенал ќе биде Остерсундс, а во шведскиот тим најдоа време да се пошегуваат на сметка на својот противник.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, Остерсундс објави интересно видео на Твитер и така ги повика Венгер и Арсенал. Познато е дека францускиот стратег во минатото имал проблеми да ја закопча својата јакна, а од шведскиот тим доби корисен совет.

„Се гледаме на Јамткрафт Арената во февруари. Ве молиме да се погрижите да биде точна јакната за Венгер бидејќи ќе биде ладно“, порачаа од шведскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

(Видео) Драма на терен: Поранешен репрезентативец на Италија го гасеше пожарот среде натпревар

Неверојатни сцени се видоа на натпреварот од промотивната лига на Швајцарија меѓу екипите …