Дома Фудбал Останато Венгер: Продолжуваме исто, со или без Санчез!

Венгер: Продолжуваме исто, со или без Санчез!

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер истакна дека против Црвена Звезда ќе продолжи со ротацијата на играчи и дека шанса, како и во Белград, ќе добијат, Волкот, Вилшер и Жиру.

„Нема причина да менуваме, обата тима играат добро, дури и на тренингот кога играат едни против други е цврсто. Зодоволен сум од нашите настапи во сите натпреварувања. Така што, против Звезда ќе ги нема Санчез, Лаказет и Озил, но тука се Волкот, Вилшер и Жиру. Сите играчи заслужуваат да играат, конкуренцијата е добра и одиме на победа која би ни го обезбедила вториот круг“, истакна Венгер на конференцијата за медиумите во Лондон.

Против Звезда нема да игра ниту Колашинац, за кого Венгер смета дека ќе биде подготвен против Манчестер Сити следниот викенд, а шанса би можеле да добијат Оспина и Чемберс.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Некогаш беше бразилска ѕвезда денеска е бездомник: Не сакам луѓето да знаат дека постојам

Регис Питбул беше познато име во бразилскиот фудбал. За време на неговата кариера, играше …