Во дерби натпреварот од 36.коло на Англиското фудбалско првенство Арсенал го победи Манчестер Јунајтед со 2:0, воедно ова беше прв триумф за менаџерот на „топџиите“ Арсен Венгер против екипа која ја предводи Жозе Мурињо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со овој триумф Арсенал ги задржа шансите за освојување на 4.место и пласман во Лигата на шампионите.
Резултати на другите натпревари од оваа рунда:
Вест Хем – Тотенхем 1:0,
Манчестер Сити – Кристал Палас 5:0,
Лестер – Вотфорд 3:0,
Хал – Сандерленд 0:2,
Барнли – ВБА 2:2,
Бурнемут – Стоук 2:2,
Свонси – Евертон 1:0 и
Ливерпул – Саутемптон 0:0.
Денес колото ќе го комплетираат Челзи и Мидлзбро.
Табела: Челзи 81 бод, Тотенхем 77, Ливерпул 70, Манчестер Сити 69, Манчестер Јунајтед 65, Арсенал 63, Евертон 58.