Дома Фудбал Венгер откри дека го одбил Реал Мадрид: Жртвував освојување на трофеи поради лојалност!

Венгер откри дека го одбил Реал Мадрид: Жртвував освојување на трофеи поради лојалност!

0

Легендарниот француски тренер, Арсен Венгер откри дека го одбил Реал Мадрид поради љубовта кон Арсенал.

Во интервју за „БеИН спорт“ Венгер изјави дека ги одбил „кралевите“ и со тоа го жртвувал својот победнички потенцијал, за лојалниот потенцијал кон Арсенал.

„Се каам дека можеби го жртвував победничкиот потенцијал, односно освојување на трофеи, заради лојалниот потенцијал. Или поради желбата да изградам клуб со своето влијание кој ќе биде лимитиран финансиски. Чувствував дека сум во клуб  каде ги исполнував моите потреби на начинот на кој што сакав да работам“.

„Зошто да го менувам тоа или да бидам поуспешен, но во помалку среќна ситуација, каде би имал помало влијание на клубот? Затоа одлучив да ја продолжам мојата љубовна приказна со Арсенал“, откри Венгер.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешниот спортски директор на Милан открива детали: Управата му кажуваше на Гатузо кој да игра

Џенаро Гатузо во ноември 2017 година го превзема Милан, а си замина во мај 2019 откако не …