Дома Фудбал Англија Венгер: Ме дискриминираат бидејќи сум стар!

Венгер: Ме дискриминираат бидејќи сум стар!

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е убеден дека критиките и барањата за оставка се дискриминација поради неговата возраст.

68-годишниот Французин смета дека кај повозрасните менаџери има предрасуди и поради тоа се должат повиците за негово напуштање на Арсенал.

„Колку што стануваш постар, толку повеќе си дискриминиран. Можам да ги прифатам барања за оставка, кога резултатите не се добри, но постојаното повтрувње – колку години сум во клубот, колку сум стар, тоа ми е малку тешко да го прифатам“, изјави Венгер.

Арсен Венгер е на чело на Арсенал од 1996 година и има три титули во Премиер лигата и седум во ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чинеше 125 милиони и веќе сфати дека Реал е голем залак: Ќе помине многу време на клупата

Реал Мадрид ова лето не штедеше. Кралскиот клуб донесе низа звучни засилувања, но веќе по …