Се уште не слегунува прашината која се крена после соминтелниот пенал кој ја однесе Англија во финалето на ЕУРО.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Судијата Мекели досуди пенал за Англија во 105-та минута, но Арсен Венгер смета дека погрешил и дека не потоел прекршок за најстрога казна.
„Не беше пенал. Не разбирам зошто од ВАР собата не го повикаа судијата да ја погледне снимката. Во ваков случај важно е судијата да биде целосно убеден дека е пенал. Не беше јасна ситуацијата за со сигурност да се каже: Да беше пенал. Поради тоа од ВАР собата требаше да му кажат на судијата да ја погледне ситуацијата“, изјави Венгер.
„Што се однесува до мене, тоа не е пенал. Мислам дека ВАР го изневери судијата, а не Данска. Данска само немаше среќа“, додаде Венгер.