Денес со натпреварот помеѓу Академија Пандев и Работнички стартуваше вториот дел од сезоната во македонската прва лига.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Натпреварот се одигра во снежни услови во новиот тренинг центар на Академија Пандев. Беше очигледно дека снегот прави проблеми на двете екипи, а голот кој го одлучи победникот дојде по грешка на голманот на струмичкиот тим.
Голманот Јовановски лошо исфрли, а топката дојде до Стојкоски кој шутираше и ја погоди мрежата.
Васоски така својата авантура во Струмица ја стартува со пораз. Останатите натпревари од ова кола во ПМФЛ се играат утре.