Во последното издание на онлајн емисијата „Сега е наше време“ на Фудбалската федерација на Македонија гостин беше стратегот на Вардар, Александар Васоски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Васоски во гостувањето зборуваше за претстојниот натпревар на Македонија против Косово. За него Македонија е фаворит во овој дуел.
“Македонија е фаворит. Не само според рејтингот, не само според имињата, туку според сѐ она што го прикажавме во изминатите години и се надевам дека ќе ја оправдаме таа улога“, изјави помеѓу другото Васоски.
Натпреварот помеѓу Македонија и Косово се игра на „Арената Тодор Проески“ во четврток.
Во продолжение погледнете целото интервју на Васоски: