Дома Фудбал Англија ВАР ќе се тестира викендов во Премиер лигата

ВАР ќе се тестира викендов во Премиер лигата

ВАР технологијата за прв пат ќе биде тестирана на неколку меча во Премиер лигата во исто време. Тоа ќе се случи во сабота на пет натпревари кои ќе започнат во 16 часот по наше време.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Минатата сезона ВАР системот беше тестиран на одделни натпревари, но сега од Премиер лигата сакаат да видат како ќе функционира покривајќи неколку меча истовремено.

Сите видеоасистенти ќе се наоѓаат во една централа, од каде ќе се следат судиските грешки. Меѓутоа, во ниту еден момент нема да има комуникација помеѓу судиите и луѓето зад мониторите, бидејќи се работи за тест.

Во април клубовите од Премиер лигата гласаа за воведување на ВАР и одлучија оваа сезона да биде тестиран.

ВАР системот веќе го има во Серија А, Бундес лигата и Примера, па Премиер лигата е едно од ретките големи првенства каде се уште не е официјално воведен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ТВ: Лигата е несериозна. Ова е срамота, циркус и фарса.

Стартот на Ерик Гарсија против Џуд Белингем предизвика бура од реакции во преносот на Real…