Дома Фудбал ВАР судијата ја исекол снимката: Ла Лига го отпушти човекот кој го оштети Реал!

ВАР судијата ја исекол снимката: Ла Лига го отпушти човекот кој го оштети Реал!

Како што објавија шпанските медиуми, еден од судиите во ВАР собата кој беше делегиран на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Валенсија добил отказ.

Шпанската фудбалска федерација го отпушти Игнасио Иглесијас Вилануева кој беше во ВАР собата на споменатиот дуел од 35-тото коло во шпанската Лига. На крајот од натпреварот дојде до конфликт помеѓу играчите на двата тим, а Винисиус Жуниор го удри во лице напаѓачот на Валенсија, Хуго Дуро.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа Дуро претходно го притискаше Винисиус за грлото одзади. Главниот судија Рикардо Бенгоечеа по прегледувањето на ВАР снимката му покажа црвен картон на Бразилецот и ја поништи првичната одлука за жолт картон на Дуро кој остана во игра.

Истрагата покажала дека Валануева е одговорен за грешката на судијата на теренот затоа што му прикажал исечена снимка на која се гледа само ударот на Винисиус, не и постапките кои претходеа на Дуро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…