Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар ја прекина серијата порази, славеше против Македонија Ѓорче Петров

Вардар ја прекина серијата порази, славеше против Македонија Ѓорче Петров

Тимот на Вардар се врати во битката за опстанок откако денес ја прекина серијата од четири порази и славеше против Македонија Ѓорче Петров со 1:0.

Вардарци со 1:0 славеа против Македонија ЃП и сега се на два бода негатива од Брегалница која е на 11-та позиција и утре игра против Воска.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Денешната победа на Вардар е заслужена затоа што црвено-црните беа поконкретни и можеа да слават и поубедливо. Одлучувакиот момент се случи во 35. минута кога Милосавиќ ја затресе мрежата на домаќините.

Идниот викенд се игра последното коло од есенскиот дел од сезоната, а во меѓувреме Вардар ќе го одигра одложениот натпревар против Силекс. Во последното коло Вардар игра со Тиквеш, додека Македонија Ѓорче Петров се соочува со Гостивар.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Наполи

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…