Дома Македонски спорт Вардар утре го започнува патот кон светската титула – пренос на Телма!

Вардар утре го започнува патот кон светската титула – пренос на Телма!

0

Утре од 19 часот Вардар ќе го започне настапот на Супер Глоуб турнирот кој важи клупско светско првенство.

Црвено-црните во Дамам, Саудиска Арабија ќе ја бркаат светската титула.

Вардар во четвртфиналето ќе се соочи со победникот од натпревар Ал Мудхар – Њујорк Сити, овој натпревар е закажан за 19:00 часот. Со кого и да игра Вардар ќе биде асполутен фаворит.

Кил за влез помеѓу осумте најдобри денес ќе игра квалификации против Сиднеј и се очекува да ја оправда фаворитската улога, победникот од овој натпревар ќе оди на судир со Замален.

Во четвртфиналето утре ќе играат уште: Ал Вехда (Саудиска Арабија) – Таубате (Бразил) и Барселона (Шпанија) – Ал Духаил (Катар).

Сите натпревари од четвртфиналето ќе бидат директно пренесувани на Телма.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Писонеро: Распоредот е густ, против Нексе шанса ќе добијат младите

Само ден после победата над Порто во Лигата на шампиони, македонскиот шампион Вардар се пр…