Фудбалерите на Вардар славеа победа во дербито со Шкупи кое се одигра на Арената „Тодор Проески“ со 3:2, a по ова коло табелата доби и нов лидер, по поразот на Работнички таму е Шкендија.
Шкупи влезе како фаворит во натпревар и прв стигна до водство кога по десет минути мрежата на Вардар ја погоди Канда.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Вардар успеа да израмни со голот на Закариќ од слободен удар по половина час игра, а на пет минути пред крајот на првиот Николовски погодува за целосен пресврт. на пауза „црвено-црните“ заминаа со водство од 2:1.
И во вториот дел гледавме сличен натпревар, немаше шанси, но се постигнуваа голови. Прво Ибиши израмни, додека победата за Вардат ја обезбеди капитенот Мицевски. По овој триумф Вардар повеќе не е последен и сега е пред Тиквеш со 11 бода, кавадарчани имаат еден помалку.
Актуелниот шампион Струга Трим Лум го нанесе првиот пораз на сезоната на Работничк и тоа со 1-0. Единствениот гол беше дело на Кехинде во 34. минута. Со овој пораз Работнички го изгуби врвот на табелата каде што сега со по 27 бода се: Шкендија, Силекс и Гостивар.
Шкендија во возбудлив натпревар со 4:3 ја совлада Брера, Силекс со 1:0 славеше над Пелистер, додека Гостивар со четири гола во вториот дел ја декласираше Воска Спорт со 4:0.
Натпреварот помеѓу Тиквеш и Беса беше единствениот кој заврши без голови од ова коло.
ТАБЕЛА: Шкендија 27, Силекс 27, Гостивар 27, Работнички 25, Струга, 25, Шкупи 16, Пелистер, 16, Брера 15, Беса 13, Воска Спорт 11, Вардар, 11, Тиквеш 10.