Дома Фудбал Останато Вардар отпатува за Норвешка, но таму ги чека „ЛОРДОТ“ кој е во одлична форма!

Вардар отпатува за Норвешка, но таму ги чека „ЛОРДОТ“ кој е во одлична форма!

Заборавениот „Лорд“ се враќа и Вардар има од што да стравува…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Данскиот фудбалер Никлас Бендтнер конечно успеа да ја врати голгетерската форма и тоа во за нас навистина непосакуван момент, бидејќи неговиот Розенборг утре го игра натпреварот против Вардар во Лигата на Европа.

Бенднтер во норвешкото првенство одигра 22 натпревари и постигна 14 погодоци, со што заслужи повторно повик во националниот тим на Данска. Поранешниот фудбалер на Арсенал се до квалификацискиот натпревар против Полска немаше настап за Данска уште од 2015 година.

„Секако дека посебно ме допре аплаузот од навивачите кога влегував на теренот. Беше неверојатно. Бев нервозен, имав позитивна трема кога требаше повторно да заиграм за репрезентацијата. Не можев да замислам подобро враќање, отколку во таква победа на домашен терен. Верувам дека имам уште многу да дадам за Данаска“, изјави Бендтнер.

Иначе, утре со почеток во 19:00 часот Розенборг го пречекува македонскиот шампион Вардар во рамките од второто коло во Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…