Дома Останати Ракомет Вардар од светското клупско првенство може да заработи и 400.000 евра

Вардар од светското клупско првенство може да заработи и 400.000 евра

0

Ракометарите на Вардар ќе имаат прилика само да влијаат на значително подобрување на финансиската состојба во клубот.

Вардар како европски шампион го очекува настап на неофицијално светско клупско првенство и на овој турнир со само три победи црвено-црните можат да заработат 400.000 евра.

Тие 400.000 евра се сума која е предвидено да ја добие победникот. Вардарци натпреварувањето ќе го започнат од четвртфиналето.

На овој турнир кој ќе се одржува во Саудиска Арабија ќе настапат: Барселона (како бранител), Ал Вехда (домаќин), Ау Духаил (шампион на Азија), Замалек (шампион на Африка), Таубате (шампион на Јужна Америка), Њујорк (шампион на Северна Америка), Сиднеј (шампион на Австралија), Ал Мухдар (вајлд карта) и Кил (вајлд карта).

За второпласираниот тим наградата изнесува 250.000 евра, додека третиот ќе добие 125.000 евра.

Неофицијалнот светско клупско првенство започнува на 27-ми август.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Дејан Милосављев е ракометар на годината во Србија

Дејан Милосављев кој беше еден од најзаслужните што во минатата сезона Вардар стигна до вт…