Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар не застанува и со Словенец ја комплетираше пикерската позиција!

Вардар не застанува и со Словенец ја комплетираше пикерската позиција!

Вардар продолжува да го гради тимот за наредната сезона во која ќе ја брани европската круна.

Следната сезона во црвено-црниот дрес ќе игра и Словенецот Домен Сикошек Плеко (21). Плеко со Вардар потпиша договор на една година и истиот може да биде продолжен на уште една.

Со Плеко Вардар ја комплетираше пикерската позиција на која наредната сезона покрај Плеко ќе играат Стоилов и Горпишин.

„Голема чест и задоволство е кога може да ти се исполнат соништата и да добиеш шанса да играш за европски првак и институција каква што е Вардар. Знам дека ме чека уште многу сериозна и напорна работа и докажување, но и сигурен сум дека ќе дадам се од себе, па и повеќе од 100 отсто. Се радувам на соработката со тренерот Давид Писонеро и со нетрпение го очекувам почетокот на подготовките. Доаѓам од Словенија од ракометното школо на РК Требње, а од таму потекнува и мојот сонародник Сташ Скубе, па сигурно тоа и ќе ми помогне околу адаптацијата во тимот“, изјави Плеко за интернет страницата на Вардар.

Плеко е висок 202 сантиметри, а минатата сезона настапуваше за австрискиот клуб Брук.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Нестор ја темпира формата: Супер волеј на тренинг (видео)

Серија А официјално ќе продолжи на 19-ти јуни, а екипите веќе подолго време се во тренажен…