Вардар лошо го отвори натпреварот, но потоа почна да се „буди“ и на полувреме замина со пет бода предност.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во вториот дел Вардар продолжи да доминира, Кизиќ беше одличен на голот, без многу проблеми стигна до убедлива победа од 39-31.
„Како што очекувавме ова беше еден лесен меч, да кажам полесен тренинг. Игравме со најдобрите со цел утре шанса да добијат и другите играчи. Крај на сезона е, па многу е тешко за оние ракометари кои го носеа товарот во текот на целата година. Честитики за играчите за се што направија денеска, забележавме убедлива победа без тензија и напор“, изјави Алушевски.
Фото: РК Вардар