Дома Фудбал Варан: Зидан селектор? Зошто да не, тој е фантастичен тренер

Варан: Зидан селектор? Зошто да не, тој е фантастичен тренер

Францускиот дефанзивец од редовите на Реал Мадрид, Рафал Варан, смета дека неговиот клупски тренер, Зинедин Зидан би можел да биде и селектор на репрезентацијата на Франција.

Репрезентацијата на Франција вечерва го игра квалификацискиот натпревар против Бугарија за пласман во Светското првенство, а пред овој натпревар одличниот дефанзивец доби интересно прашање.

„Зидан за селектор? Зошто да не? Покажа голем квалитет како тренер и беше одличен играч. Тој е фантастичен тренер, сигурно дека би бил добар избор. Зидан и Дешам имаат сличности, освоија многу, имаат големи кариери, но поседуваат и смиреност која е од исклучителна важност за големите натпревари“, изјави Варан.

Бугарија и Франција својот натпревар од групата „А“ го играат вечерва со почеток во 20:45 минути. Франција во овој момент има 17 бодови и се наоѓа пред Шведска која има 16, Холандија која има 13 и Бугарија која има 12 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елшник отпадна за Скопје, Македонија ќе пречека ослабена Словенија

Повредата го отстрани Тими Макс Елшник од словенечкиот состав за завршните два натпревари …