Дома Фудбал Останато Ван Перси му прави услуга на Елмас: Крај на ерата во Фенербахче?!

Ван Перси му прави услуга на Елмас: Крај на ерата во Фенербахче?!

Сегде оди, но дома дојди. Па изгледа по оваа парола ќе се води и Робин Ван Перси кој по се изгледа ќе се врати во Фејнорд, клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поточно, оваа информација треба да се земе со резеррва, бидејќи е објава на турскиот таблоид Аксам, но се наведува дека Ван Перси веќе прифатил враќање дома.

Сега преостана менаџерот на фудбалерот со претставниците на неговиот клуб Фенербахче да најдат модел за прекинување на соработката. Заминувањето на Ван Перси, отвара простор за игра на нашиот Елиф Елмас. Фејнорд летово сакаше да го врати искусниот напаѓач во своите редови, но тогаш управата на клуб не успеа да постигне договор за трансфер.

На Холанѓанецот договорот со Фенер му истекува следното лето, така што секако ќе може да го напушти истанбулскиот клуб и тоа како слободен играч. Ван Перси за првиот тим на Фејнорд играше од 2001. до 2004. година, кога премина во редовите на лондонски Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Страшен состав: Еве како би изгледала Југославија на ова Светско првенство – место има за двајца Македонци!

Љубителите на фудбалот сигурно ги паметат славните настапи на репрезентацијата на Југослав…