Дома Фудбал Англија Ван Де Бек со порака до Солскјер: Сакам да играм!

Ван Де Бек со порака до Солскјер: Сакам да играм!

Дони Ван Де Бек се очекуваше да биде големо засилување за Манчестер Јунајтед, меѓутоа на Ван Де Бек не му оди на почетокот на епизодата на „Олд Трафорд“.

Во Јунајтед дојде со епитетот еден од најдобрите млади играчи во Европа, меѓутоа барем засега не е во прв план кај Оле Гунар Солакјер. Ван Де Бек најчесто е на клупата за резерви. Против Лајцпиг на теренот се најде од првата минута, а се надева дека тоа ќе се случи и утре кога од 17:30 Јунајтед ќе го игра дербито против Арсенал.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Ван Де Бек пред овој дуел испрати отворена порака до Солскјер дека сака да игра.

„Убаво е да се биде дел од Манчестер Јунајтед и да тренираш тука, но сакам да играм. Секој фудбалер сака да игра. Среќни сме за големата победа против Лајцпиг, се надеваме така ќе продолжиме и против Арсенал“, изјави Ван Де Бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…