Дефанзивецот на Ливерпул и холандски репрезентативец, Вирџил ван Дајк одлучи да не игра на Европското првенство.
Холанѓанецот смета дека нема да биде доволно спремен за настап на ЕП, откако го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда на коленото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дефанзивецот се повреди на 17-ти октомври и отогаш трае долгиот процес на рехабилитација, но имаше надеж дека ќе биде спремен за ЕП.
„За мене сезоната не завршува со крајот на Премиер лигата бидејќи сум во процес на рехабилитација. Сакам да бидам максимално подготвен за почетокот на идната сезона. Жал ми е што морам да потврдам дека нема да играм на Европското првенство, но тоа е единствената правилна одлука во овој момент и во ваква ситуација. Се надевам дека ќе ми биде од корист за да се подготвам за настап од идната сезона“, потврди Ван Дајк.
„Многу сум тажен што ќе го пропуштам Европското првенство и нема да можам да ја водам мојата земја, но работите се такви и мора да ги прифатам, сите мора да ги прифатиме“, додаде дефанзивецот.