Дома Фудбал Останато Ван Гал жестоко по Меси: Запрашај се зошто четири сезони Барселона нема успех во Европа!

Ван Гал жестоко по Меси: Запрашај се зошто четири сезони Барселона нема успех во Европа!

0

Четири трофеи од Лигата на шампионите има Меси покрај своето име, десет во Ла Лига, шест во Купот на шпанија…Како и уште голем број клупски и индивидуални награди, но и понатаму често пати слушаме критики на негова сметка.

Сега последен кој го критикуваше Меси е Луис Ван Гал.

Прославениот холандски стратег од март оваа година и официјално е во пензија, а сега порача дека Меси го интересираат само индивидуалните награди.

„Колку пати Барселона ја освои Лигата на шампионите со оној кој за кој кажуваат дека е најдобар играч во светот? Погледнете го и Нејмар, колку тој освои такви трофеи, а зборуваат дека е еден од најдобрите на планетата? Тоа се добри индивидуалци, но не и тимски играчи. Верувам дека фудбалот е колективен спорт и дека во него ништо не е поважно од тоа да се биде тимски играч“, остар беше Ван Гал во интервјуто за „Ел Паис“.

„Меси би требало да се запраша како е можно толку долго, веќе четири сезони да не го освои најважниот трофеј во клупскиот фудбал. Ми се допаѓа како индивидуалец, неговата статистика е фантастична, меѓутоа сето тоа паѓа во вода ако не ја освојувате Лигата на шампионите, тогаш секој капитен треба да се запраша зошто вашиот тим не е успешен во Европа. Освен тоа Барса има одличен тим, тука се Иван Ракитиќ Фелипе Кутињо. Видал, Артур, Жорди Алба, Тер Штеген…Не се плашам да кажам дека Меси е одговорен за неуспехот на Барселона во Европа“, јасно порача Ван Гал.

Оваа негова изјава сигурно ќе крене прашина во фудбалскиот свет.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Фламенго тргнаа на пат од 4.000 километри за да стигнат на финалето, па наидоа на војна (видео)

Во Јужна Америка веќе со денови се зборува за финалето во Копа Либертадорес, кое на програ…