Дома Фудбал Ванда: Мојот Мауро е најдобар во најтешките моменти, притисокот за Игуаин беше преголем

Ванда: Мојот Мауро е најдобар во најтешките моменти, притисокот за Игуаин беше преголем

Гонзало Игуаин нема по добро да го памети натпреварот против неговиот поранешен клуб Јувентус.

Освен што Милан беше поразен на „Сан Сиро“ со 2:0, аргентинскиот напаѓач промаши пенал, а во финишот од натпреварот и беше исклучен.

Веројатно „Пипита“ имаше преголема желба да му покаже на Јувентус дека погрешил кога се откажал од неговите услуги, но немаше своја вечер.

Ноќта за заборав на Игуаин ја прокоментира и сопругата на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди.

„Се е во природата на играчот. Мојот Мауро е најдобар во тешките моменти, за Игуаин притисокот можеби беше преголем“, изјави Ванда.

https://www.youtube.com/watch?v=rh7Y_KZtQpI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пред две години во втората лига на Андора, сега во нападот на Мексико!

Армандо Леон преку проба стигна до договор со Осиек, а со пет гола и две асистенции го при…