
Нов тренер на екипата на Еурофарм Пелистер Ларс Валтер. 56-годишниот стручњак од Данска потпиша двегодишен договор и официјално ќе биде претставен по неговото доаѓање во Битола пред стартот на подготовките.




По потписот данскиот стратег изрази големо задоволство што пристигнува во клуб каков што е Еурофарм Пелистер.




„Уште еден нов предизвик. Многу сум горд што сум дел од овој историски клуб. Сега сите мора да работиме напорно за да го вратиме Еурофарм Пелистер каде што му е местото. Едвај чекам да се сретнам со неверојатните навивачи, играчите и стручниот штаб. Се гледаме сите во Битола“, изјави Валтер.