Хорхе Валдано кој работеше со Флорентино Перез во првиот мандат, има подобар кандидат од Конте за клупата на Кралевите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Славниот Аргентинец вели дека Конте е престижно име бидејќи освојувал титули со Јуве и Челси, но дека тој тешко успева да се адаптира на екипата, посебно што Реал нема вистински голгетер.
„Според мене, подобра опција е Роберто Мартинез, тој се брзо адаптира и мислам дека може многу брзо да ја извлече екипата со овие играчи. Што се однесува за Лопетеги, јасно е дека нема поддршка и неколку недели се чекаше овој пораз од Барселона да го сменат.“ – изјави Валдано.
Се уште се чека официјална потврда, а повеќе опции се во игра. Ако Конте не биде промовиран, на клупата ќе седи Солари, но се очекува Италијанецот да го превземе клубот до крајот на неделата.