Дома Фудбал Лига на шампиони Валверде ја „РЕСЕТИРА“ Барса – Имаат ли Италијанците причина за страв?

Валверде ја „РЕСЕТИРА“ Барса – Имаат ли Италијанците причина за страв?

Барса се припрема за одмазда против Јувентус, Ернесто Валверде врати некои „стари“ навики во Каталонија…

Имено, Валверде врати некои стари принципи кои беа заборавени со доаѓањето на Луис Суарез. Уште на самиот ги „измеша“ картите, Меси ќе биде „лажна деветка“, Уругваецот ќе игра по страничните позиции.

Барем до овој момент тоа одлично функционира, Барса е перфектна и веќе побегна на четири бода од Реал, а Меси во последниот натпревар против градскиот ривал постигна хет-трик.

Сега ги очекува натпреварот против Јувентус, ќе видиме како сето тоа ќе функционира против Италијанците кои ја елиминираа Барселона минатата година.

Од друга страна, Алегри не може да смета на Киелини, Лихштајнер не е регистиран за Лигата на шампионите, Кедира не е спремен, како ниту Ховедес.

Тоа го остава Алегри со Де Шиљо, Алекс Сандро и Стураро, покрај тоа и Манџукиќ се повреди против Киево, па ниту тој не ќе може да игра, Куардадо е суспендиран, Маркизио веќе подолг период е надвор од теренот.

Но, тоа во овој момент не е главната тема.

Имено, ако се погледне во минатото, само еднаш пред Суарез, Меси не беше најдобар стрелец на екипата и тоа во 2008 година кога најдобар стрелец на тимот беше Тиери Анри. Минатата сезона Суарез постигна повеќе голови, а сега Велверде сака да го подигне бројот на голови на Меси кој опаѓа.

Неговиот рекорд од 71 гол сега изгледа како далечно минато, но пред три и четири години постигнуваше повеќе од 40 погодоци. Тогаш Барса и освојуваше важни трофеи.

Пеп Гвардиола беше првиот човек кој Меси го стави поблиску до голот, а Ето по страничните позиции, токму тоа беше причината поради која Камерунецот го напушти клубот.

„Меси не е по природа напаѓач, но тој може се во нападот, бидејќи постигнува голови и асистира. Колку е поблиску толку има поголеми шанси да го покаже својот полн потенцијал“, објасни Велверде.

Тоа значи дека Суарез, како и новото засилување Дембеле ќе мораат да играат по страничните позиции, но Уругваецот, а ниту новајлијата немаа проблем со такво нешто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Меси херој на ПСЖ, Интер го најде лекот за Шериф 🎥

Вечерва се играа натпревари од третото коло во Лигата на шампионите. Интер го најде лекот …