Дома Фудбал Лига на шампиони Валверде предупредува: Ништо не е готово, Јунајтед е опасен!

Валверде предупредува: Ништо не е готово, Јунајтед е опасен!

0

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде го анализираше реванш четвртфиналниот дуел од Лигата на шампиони против Манчестер Јунајтед.

Каталонците славеа на „Олд Трафорд“ со 1:0, но Валверде повика на претпазливост и потсети што и се случи на Барса минатата година против Рома.

„Постигнавме гол во гости, но ништо не е готово. Нема да калкулираме, ќе се обидеме да останеме доследни на нашиот стил и би било апсурндно да мислиме дека сме во предност поради првиот меч“.

„Не знам како ќе игра Јунајтед, но на претходните четири гостински натпревари оствари три победи и мораме да бидеме внимателни. Секој тим ќе биде верен на својот стил“, истакна Валверде.

„Го почитуваме Јунајтед, брзината и квалитетот на нивните играчи, ги почитуваме како тим поради се што имаат направено. Свесни сме за нивниот потенцијал и квалитет. Манчестер Јунајтед има нешто посебно во тие последни минути од натпреварите, видете што направија против Јувентус и ПСЖ“, заклучи Валверде, кој потоа даде коментар на распоредот во ЛШ.

„Каленардите се секогаш прилагодени за сите екипи, но апсурдно е четири тима да имаат шест слободни дена, а останатите тимови да имаат осум слободни дена. Логично е екипите кои играат во вторник и реваншите да ги играат во вторник“, истакна тренерот на Каталонците.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Генијално: Наполи со специјално видео го поздрави Сари (видео)

Маурицио Сари денес и официјално беше претставен како нов тренер на Јувентус, а неговиот п…