Дома Топ вести Валверде НЕ демантира ангажман на Погба

Валверде НЕ демантира ангажман на Погба

Трансфер пазарот во Шпанија е отворен до крајот на месецот, а медиумите не престануваат да шпекулираат за евентуален трансфер на Погба во Барселона.

Интересот на Каталонците за Погба е конкретен и веќе испратија понуда, која „црвените ѓаволи“ експресно ја одбија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, Французинот е во лоши односи со Мурињо и инсистира да биде продаден, па поради тоа медиумите се уште шпекулираат дека трансферот може да биде реализиран.

За целиот тој случај се огласи и тренерот на Барселона, Ернесто Валверде кој не сакаше да ги демантира шпекулациите за евентуалното доаѓање на Погба.

„Не сакам да зборува за фудбалери кои не играат за Барселона. Затоа немам што да коментирам за Погба се додека евентуално тој некогаш не стане наш играч. Сакам, исто така, и останатите екипи да ги почитуваат нашите фудбалери како што ние тоа го правиме“, изјави Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…