Дома Фудбал Валверде и Барса наскоро седнуваат на преговарачка маса

Валверде и Барса наскоро седнуваат на преговарачка маса

Раководството на Барселона и теренерот Ернесто Валверде постигнале согласност да започнат преговори за продолжување на договорот во јануари, пренесува „Марка“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Причината што двете страни го избрале овој период е да се види како ќе се одвива почетокот на сезоната. Притоа, во јануари завршува и групната фаза од ЛШ, па ќе биде повеќе јасно како се одвива сезоната.

Важен аспект е и тоа дали Валверде „Ќе продолжи да ужива во работата или ќе сака одмор“, изјавија негови блиски.

Раководството на Барселона е исклучително задоволно од работата на тренерот и сака да го продолжи договорот на уште две сезони. Во својата прва сезона Валверде ја освои двојната круна во Шпанија, но главна цел оваа сезона ќе биде титулата во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алајбеговиќ сѐ повеќе баран, Италијанците најупорни!

За големиот талент Керим Алајбеговиќ одамна се зборува, а ова лето доби можност да ги пока…