Дома Фудбал Валверде е незадоволен, но не и загрижен!

Валверде е незадоволен, но не и загрижен!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде не е загрижен после ремито со Валенсија 1:1 на „Местаља“ синоќа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако ова е четврт натпревар по ред во кој Барселона не успева да победи, Валверде е задоволен од начинот на кој реагирал неговиот тим после примениот гол.

„Тешко е кога играте против екипи кои главно се бранат. Освен тоа, примивме брз гол по само две минути и тоа уште повеќе ни ја усложни работа. Мораме да се бориме против осцилациите кои се јавуваат во нашата игра. Домаќините поведоа и се повлекоа чекајќи наши грешки. Очекувам дека на следните натпревари да влеземе во ритам и да бидеме стабилни во текот на целиот меч“, изјави Валверде.

„Не сум загрижен поради серијата слаби резултати. Првенството оваа сезона е многу израмнето и ние треба да продолжиме по нашиот пат. Ова е почеток на сезона и ние сме во трка за сите трофеи“, додаде стратегот на Каталонците.

Шпанскиот шампион по ремито со Валенсија падна на второто место во Ла Лига. Води Севиља со 16 бода, Барселона и Ателтико Мадрид имаат по 15.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан испратил понуда за ѕвездата на ПСЖ

Милан испрати конкретна понуда до Пари Сен Жермен за Гонсало Рамош, објави Фабрицио Романо…