Дома Топ вести Валверде даде зелено светло: Ракитиќ ја напушта Барса!

Валверде даде зелено светло: Ракитиќ ја напушта Барса!

0

Шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот на Барселона, Ернесто Валверде дал „зелено светло“ Иван Ракитиќ да го напушти клубот ова лето.

Барселона го донесе Френки де Јонг од Ајакс за 70 милиони евра, па се зголеми конуренцијата на средината на теренот. Поради тоа Валверде се одлучи да се откаже од еден од најискусните играчи за врска.

Хрватот дресот на Барселона го носи од 2014 година кога дојде од редовите на Севиља, меѓутоа испаѓето од полуфиналето во Лигата на шампионите и катастрофалниот настап кој Ракитиќ го прикажа против Ливерпул, изгледа ќе бидат причина за Хрватот со каталонскиот клуб да се раздели на крајот на оваа сезона.

Така барем најавуваат медиумите од Шпанија, наведувајќи дека Ракитиќ станал играч кој Каталонците сакаат да го продадат во овој момент, а неколку европски гиганти се заинтересирани за 31-годишниот плејмејкер.

Најсилен интерес во моментов за Ракитиќ покажуваат Манчестер Јунајтед и Интер, кои се спремни да понудат 40 милиони евра.

Барселона за слободата на Ракитиќ бара 50 милиони евра во моментов, но наскоро се очекува да започнат преговори, а медиумите се оптимисти дека ќе биде најден заеднички јазик околу обештетувањето.
Останува да видиме дали Ракитиќ ќе ја избере Премиер лигата или Серија А.

https://twitter.com/SunSport/status/1139220448191946755

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона пред ангажман на јапонски репрезентативец

Eкипата на Барселона ќе се обиде да го доведе јапонскиот репрезентативец, Даизен Маеда. Да…