Дома Останати Вакво нешто ретко се гледа во УФЦ: Не сакаше да го удира противникот и го тераше судијата да ја прекине борбата (ВИДЕО)

Вакво нешто ретко се гледа во УФЦ: Не сакаше да го удира противникот и го тераше судијата да ја прекине борбата (ВИДЕО)

0

Џастин Гатје го воодушеви боречкиот свет со однесувањето на крајот на борбата против Доналд Серон на „Flight Night 158“.

Прво со кроше го удри противникоот, а потоа со следниот удар го испрати Серон на колена. Во тој момент додека други борци би тргнале да го дотолчат противникот, Гатје побара од судијата да ја прекине борбата бидејќи не сакаше повеќе да го удира Серон. Сепак, мораше да тргне на Серон за да го натера судијата да ја прекине борбата. Помеѓу тие удари луто го гледаше судијата и бараше да ја прекине борбата.

После прекинот продолжи да му зборува на судијата дека предоцна ја прекинал борбата.

„Му викав на судијата да каже дека борбата е завршена ако некој падне на лице. Тој два пати така падна, а јас бев приморан да продолжам да го удирам. Не е тоа судиска грешка, си ја работи работата, но доле беше мој пријател и не сакав да продолжам“, изјави победникот со кој се сложи и Дејвид Шо потпреседателот на УФЦ.

Борците воодушевија кога псоле борбата се прегрнаа во октагон.

„Ова беше лошо и не сакам да ми се повтори. Не сакам да се борам против пријател“, изјави Гатје.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ривалите бараат да биде проверен моторот на Ферари!

Неколку Ф1 тимови официјално доставија писмено барање до Меѓународната автомобилистичка фе…