Дома Фудбал Италија Вакво нешто на Јувентус не му се случило од сезоната 1961/1962

Вакво нешто на Јувентус не му се случило од сезоната 1961/1962

Вчера Јувентус одигра реми 1:1 со дербито против Милан во рамките од четвртото коло во Серија А и така помина уште еден натпревар без победа на „старата дама“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јуветнсу после првите четири кола се уште чека на првата победа и такво нешто во долгата историја му се случувало само четири пати, а последен пат во сезоната 1961/1962.

Во првите четири натпревари Јувентус освои два бода, по еден со Удинезе и Милан, а беше поразен од Емполи и Наполи. Тие два бода се доволни за тимот на Алегри во овој момент да биде на 18-то место на табелата.

Во таа 1961/1962 сезона кога Јувентус последен пат вака стартуваше на крајот заврши како 12-ти, што секако е нешто кое навивачите не го сакаат сезонава. Треба да се спомене и дека вчерашниот натпревар на Јувентус беше 18. во низа во Серија А на кој прима гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…