Дома Фудбал Буфон: Во Италија се претерува со фудбалот, овде повеќе се ужива!

Буфон: Во Италија се претерува со фудбалот, овде повеќе се ужива!

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон изјави дека во Франција не е така стрсно како во неговата татковина.

Буфон ова лето после 12 години го напушти Јувентус и направи сензационален трансфер во ПСЖ, каде што ќе остане во следните две години.

„Во Италија малку и се претеруваше со одредени работи. Премногу бевме оптоварени со фудбалот, додека тука пристапот е целосно различен. Овде е поспокојно, поопуштено, повеќе се ужива. Има помалку стрес. Среќен сум и полн со ентузијазам“, изјави Буфон.

40-годишниот Буфон кариерата ја започна во Парма во 1995 година. Од 2001 година до оваа сезона беше дел од Јувентус. За Италија бранеше од 1997 до годинава кога стави крај на репрезентативната кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Животот без Меси почна со пораз: Уругвај ја замолкна „Бомбонера“

Аргентина загуби со 1:2 во првиот настап по заминувањето на Лионел Меси. Ниту разиграниот …