Дома Фудбал Лига на шампиони Бутрагењо за ждребот: Ова можеше да биде финале!

Бутрагењо за ждребот: Ова можеше да биде финале!

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид го доби најтешкиот противник во Лигата на шампиони, па во осминафиналето ќе ги одмери силите со Пари Сент Жермен.

Легендата на „кралскиот“ клуб, Емилио Бутрагењо го коментираше ждребот и истакна дека според него овај дуел слободно можел да биде и финале во Лигата на шампиони.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


„Овој дуел лесно можеше да биде и финале оваа година. И двата тима се многу силни. За жал ждребот беше таков, па еден од двата тима ќе биде елиминиран. ПСЖ од година во година е се посилен и имаат огромен потенцијал. Тоа го потврдија нивните натпревари во групната фаза“, изјави Бутрагењо.

Реал Мадрид и ПСЖ првиот натпревар на „Сантиаго Бернабеу“ ќе го одиграат на 14-ти февруари, а реваншот е на 7-ми март во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нова брука на Манчестер Јунајтед, тоне и Тотенхем

Манчестер Јунајтед доживеа уште еден незгоден пораз овој пат од Брајтон на Олд Трафорд, То…