Претставници на Ла Лила најавија дека повеќе нема да доаѓаат на средбите кои ги организира Фудбалската федерација на Шпанија поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Недоразбирањата помеѓу Ла Лига и Унијата на професионалните фудбалери (АФЕ) од една и Фудбалскиот сојуз на Шпанија од друга страна кулминираше откако од Сојузот до медиумите ги проследиле аудио записите од последниот состанок.
Ла Лига најави дека нивните претставници повеќе нема да доаѓаат на средбите и ги обвини претседателот на Федерацијата Луис Рубијалес и генералниот секретар Андреу Кампоса дека тие ја пуштиле во јавност аудио снимката.
Ла Лига и АФЕ најавиле дека ќе поднесат тужба против Фудбалскиот сојуз ан Шпанија.
Сојузот, Ла Лига и АФЕ имаат различни ставови по многу прашања, а недоразбирањата кулминираа во екот на пандемијата.