Вчера било бурно во таборот на македонскиот второлигаш Осогово.
Овој викенд Осогово загуби со 2:5 од Саса. Како што пишуваа локалните медиуми после тој натпревар клубот ги избркал голманот Ѓорѓи Јовановски и Андреј Коцевски.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Дека навистина се случувало доказ е вчерашниот Фејсбук статус на Венко Крстевски кој е дел од управата на македонскиот второлигаш. Крстевски напиша:
„За нечесни и недисциплинирани фудбалери, пијаници и местачи нема место во чесен клуб“.
Осогово оваа сезона се пласираше во втората македонска лига меѓутоа засега не ми оди баш најдобро бидејќи се последни на табелата со само една победа во осум натпревари.
Фото: ГФК Осогово