Кристал Палас вчера успеа да освои бод против Арсенал на „Емирати“.
Во еден скромен меч не видовме голови, но затоа било и тоа како бурно во редовите на гостите пред овој натпревар.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Имено, пред дуелот со Арсенал на тренингот на Кристал Палас дошло до физичка пресметка помеѓу Мичу Батшуаи и Миливојевиќ. Според информациите, Миливојевиќ не бил задоволен од залагањето на Белгиецот и го гаѓал со топка. По тој момент следувала физичка пресметка, како што пишува „Дејли Мејл“ Миливојевиќ завршил на тревата.
Соиграчите реагирали и ги раздвоиле, а Рој Хоџсон одлучил двајцата да поминат без казна.
Инаку, Миливојевиќ во последно време има проблеми со однесувањето. Неодамна ги прекрши Ковид правилата со Александар Митровиќ после што се извинуваше.