Дома Фудбал Германија Бундеслига: Борусија се доближи до Баерн, Хаверц го носи Леверкузен поблиску до ЛШ (ВИДЕО)

Бундеслига: Борусија се доближи до Баерн, Хаверц го носи Леверкузен поблиску до ЛШ (ВИДЕО)

Денес од 15:30 се играа натпревари од германската Бундеслига.

Најинтересните натпревари ги одиграа Борусија Менхегладбах – Баер Леверкузен и Волфсбург – Борусија Дортмунд. На двата натпревари славеа гостите и тоа без поголеми проблеми.

Баер после натпреварот против Вердер денес оствари уште една победа и со 53 бода стигна до третата позиција и е се поблиску до пласманот во Лигата на шампионите иако до крај сигурно ќе се води борба помеѓу „Аптекарите“, Борусија М, Лајпциг…

Каи Хаверц повторно постигна два гола, еден од пенал, а потоа во стрелците се запиша и Бендер. Баер е во серија добри резултати, а веќе за три дена ќе игра против Волфсбург во првиот домашен натпревар после прекинот поради пандемијата

Во Волфрбург Борусија победи со 0:2 и се доближи до Баерн кој денес подоцна игра против Ајнтрахт Фракфурт. Гереро минатото коло даде два гола против Шалке, а денес го отвори резултатот во 32 мунута. Конечните 2:0 после една фантастична акција ги постигна Ашраф Хакими во 78 минута.

Останати натпревари:

Фрајбург – Вердер 0:1

Падерборн – Хофенхајм 1:1

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Харгривс: Вернер ќе ја грее клупата во Ливерпул

Раководството на Ливерпул веќе подолго време работи на трансферот на напаѓачот на Лајпциг,…